Дома Фудбал Англија „Што ќе ми се десет Ферарија и два авиони? Секој месец донирам по 70 евра на најзагрозените“

„Што ќе ми се десет Ферарија и два авиони? Секој месец донирам по 70 евра на најзагрозените“

Некои фудбалери кои имале тешко детство и пораснале во нехумани услови не го забораваат минатото и славата и парите воопшто не ги менуваат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Садио Мане многу веројатно е најскромниот фудбалер на светот, барем кога се во прашање оние со големи примања.

„Бев гладен. Играв бос. Што ќе ми се десет Ферари и два авиони? Дали овие работи му служат за доброто на светот. Изградив школи, стадион, даваме облека, обувки и храна на најзагрозените.“

„Секој месец донирам по 70 евра на сите жители во најсиромашните делови на Сенегал за да придонесам во семејната економија.“ – рече Мане.

Животната приказна на овој 28-годишен играч е добро позната. Во детството останал без татко. Тогаш си ветил дека ќе направи се да му помогне на своето семејство, а на крајот и успеа.

Инаку, Мане во Ливерпул заработува шест милиони евра годишно и не е ни блиску до најплатениот играч на Црвените, Мохамед Салах кој заработува 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гави одбива трансфер во Манчестер Јунајтед. Англиските клубови понудија 40 милиони евра

Гави (22) ја отфрли можноста да премине од Барселона во Манчестер Јунајтед. Според „Гардиј…