Дома Фудбал Што ќе кажат фановите на ова: Ракитиќ проговори за својата иднина!

Што ќе кажат фановите на ова: Ракитиќ проговори за својата иднина!

Во последно време се погласни се шпекулациите дека Иван Ракитиќ сака да го напушти клубот поради несогласувањата со тренерот Луис Енрике.

Ракитиќ е многу важен дел од тимот на Барса, па фановите сигурно ќе се израдуваат на неговата изјава. Имено, Хрватот го дематираше сите шпекулации и истакна дека сака кариерата да ја заврши во Барса.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мојата желба е да останам во Барселона до крајот на кариерата. Претседателот на клубот и мојот менаџер работат на тоа, разговараме околу новиот договор и не е вистина дека ја одбив првата понуда. Верувам дека успешно ќе се завршат работите“, изјави Ракитиќ.

Хрватот дематираше дека има проблем со Луис Енрике, иако призна дека му се восхитува на Пеп Гвардиола и дека би сакал да соработува со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер …