Дома Фудбал Останато Што се случува кога Гвардиола сака играч од 100 милиони? – Шеикот ја зголемува цената на нафтата!

Што се случува кога Гвардиола сака играч од 100 милиони? – Шеикот ја зголемува цената на нафтата!

0
guardiola

Пеп Гвардиола во Манчестер Сити добива скоро се што ќе посака.

Богатите сопствениците на „граѓаните“ вложија огромна сума за овој тим да стане доминантен во англиската Премиер лигата, но се уште не е исполнета целта, а тоа е освојување на Лигата на шампионите.

Претседателот на Баерн Ули Хенес изнесе интересно гледање на ситуацијата во Сити. Истакна што прави Гвардиола кога му е потребно засилување.
Зборовите на Хенес се прилично неверојатни.

„Мојот пријател Пеп Гвардиола ми кажа што се случува кога сака играч кој вреди 100 милиони евра. Собира снимки од тој фудбалер и оди на состанок со шеикот. Кога ќе пристигне таму следува обилен оброк после што му ги покажува видео снимките и шеикот само ги прфрла парите. Наредниот ден шеикот само ја зголемува цената на нафтата и ги враќа вложените пари“, изјави Хенес.


Следете го Sportski.mk и на


Од доаѓањето на Пеп во Манчестер Сити овој клуб доведе неколку скапоцени засилувања. Последен беше Ријад Марез за кој на Лестер Сити му плати сума од 61 милион фунти, а претходно пристигнаа Емерик Лапорта, Бенџамин Менди, Едерсон, Данило Бернардо Силва…

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити – Тотенхем: Сити нема време за жалење, сака брза одмазда

Ова ќе биде втор меѓусебен дуел помеѓу овие две екипи за само неколку дена, по натпреварот…