Дома Фудбал Англија Што се промени од кога Тотенхем го избрка Покетино и го доведе Мурињо? Ништо!

Што се промени од кога Тотенхем го избрка Покетино и го доведе Мурињо? Ништо!

Англиските статистичари после неколку натпревари започнаа да ги споредуваат бројките на Мурињо и Покетино.

За Мурињо се започна одлично, Португалецот стигна во северен Лондон и освои 12 од можни бодови, ја намали разликата од топ 4 на само три бода. Меѓутоа во последните натпревари „ефектот Мурињо“ како да исчезна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера Тотенхем беше поразен од Саутемптон претходно ги победи Челзи дома и повторно им побегна на шест бода, потоа следуваа две разочарувања. Едно беше ремито против давеникот Норвич, а освен поразот Саутемптон го победија Брајтон и тоа со многу среќа и пресврт.

Мурињо смета дека неговиот тим прелесно прима голови и порача дека е потребно време за нов дефанзивен систем.

Но, на крајот Покетино беше сменет затоа што освојуваше 1.4 бодови по натпревар во ПЛ. Знаете што се промени од кога Мурињо е тренер? Ништо! Тотенхем и понатаму освојува 1.4 по натпревар, постигнуваа повеќе голови, два по натпревар, но оваа одбрана не е стандард за топ 4. Само Њукасл примил повеќе голови после директни грешки на одбраната.

Гафот против Саутемптон кога отиде на клупата на неговиот колега на спротивната страна и му гледаше во таблата не се шокантни, изгледа кога и да тргне лошо Мурињо ги губи нервите и манирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …