Дома Фудбал Што сега? – Фудбалерите донесоа одлука на тема „турнеата во САД“!

Што сега? – Фудбалерите донесоа одлука на тема „турнеата во САД“!

Општ хаос на Пиринеите.

Натпреварот помеѓу Џирона и Барселона кој е закажан за јануари требаше да се одигра во Мајами, но се поголема е веројатноста дека од американската турнеа на Ла Лига нема да има ништо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанската асоцијација на играчи денес излезе со соопштение во кое во целост го одбива планот на претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас неколку натпревари од шпанското првенство да се играат во САД.

Одлуката на фудбалскиот синдикат не обврзувачка, но и тоа како има голема тежина.

Тебас ги повика да одржат состанок денес и на 1-ви октомври, меѓутоа чениците од друга страна не сакаат да преговараат бидејќи имаат договор со Ла Лига до 2020 година каде што не се споменува американска турнеа во сред сезона.

Сепак, Тебас останува убеден во својата идеја изјавувајќи дека постојат дури 90% шанси споменатиот натпревар помеѓу Џирона и Барселона да се одигра на американско тло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се „тресе“ клупата: Гвардиола повеќе не е недопирлив и поради тоа сите го поставуваат истото прашање

Статистика која до вчера се чинеше незамисливо денес е сурова реалност. Манчестер Сити губ…