Семејството на Новак Ѓоковиќ денес одржа пресконференција на која потврди дека најдобриот тенисер во светот е слободен и веќе го одработил првиот тренинг во Мелбурн.
Најдобриот светски тенисер доби пресуда во негова корист. Во споменатата одбрана објавен е и ПЦР тестот на Ѓоковиќ како доказ дека прележал коронавирус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На документот се гледа дека на најдобриот светски тенисер му бил земан брис во 13 часот на 16-ти декември, а резултатите стигнале седум часа подоцна.
Меѓутоа, истиот ден Ѓоковиќ бил во посета на поштенскиот музеј на Србија со својата сопруга Јелена. Следниот дена на 17 декември присуствувал на доделувањето награди за деца.
Кога австралиските новинари го поставија ова прашање, братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе веднаш го прекина пресот.