Македонската репрезентација ја загуби и последната надеж за полуфинале, запишувајќи пораз во неверојатниот меч против селекцијата на Чешка со 25:24
Во првото полувреме Македонската репрезентација веднаш ја наметна контролата и желба да се добијат бодови вредни речиси полуфинале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот чешки ракометар беше сопрен на само еден гол, а Македонија на полувреме замина со 13:11 предност, во минути кога Македонија создаде предност и до пет погодоци.
Во второто полувреме, нашата селекција потфрли во одбраната, па почнаа лесно да реализираат Чесите.
Во 57. минута, Чешка за првпат стигна до водство 24:23, па пулените на Гонзалес беа принудени да бркаат реми, и да се обидат да дојдат до пресврт.
Сепак, на крајот, заврши се чини европската бајка за македонската селекција.
Во таборот на нашата селекција, најефикасен беше Филип Талески со постигнати 5 погодоци.