Во последниот ден од преодниот рок Барселона е еден од клубовите во кои се работи со полна пареа.
Пјер-Емерик Обамејанг утрово пристигна во Барселона, но преговорите со Габонецот во овој момент се прекинати и не е познато дали ќе бидат продолжени. Од друга страна шпанските медиуми од предмалку почнаа да објавуваат дека Каталонците конечно успеале да се ослободат од Осман Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации од повеќе извори Дембеле е пред трансфер во редовите на Челзи,
Откако пред околу еден час беше објавено дека Челзи е сериозен за Дембеле, сега „Диарио Спорт“ тврди дека договорот е пред реализација и објавувањето на трансферот е само прашање на време. Се наведува дека Французинот сфатил дека за него и дефинитивно нема иднина кај Чави, па затоа и прифатил трансфер.
Чекаме…