Дома Фудбал Шпанците со „нокаут“ за Роналдо: Паулињо двојно подобар!

Шпанците со „нокаут“ за Роналдо: Паулињо двојно подобар!

Некои податоци оваа сезона се навистина неверојатни.

Барселона игра одлично, Реал катастрофален, така може да се опише досегашниот дел од сезоната во Шпанија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид ја совлада Барселона во Суперкупот на Шпанија, а Каталонците од тој момент успеаа да врзат 29 натпревари без пораз, додека Реал запиша четири само во првенството и еден во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ посебно се на удар поради реализацијата, а тоа го потврдува и уште еден податок.

Кристиано Роналдо оваа сезона постигна само четири погодоци во првенството додека фудбалерот на Барселона од средниот ред кој беше критикуван кога пристигна за 40 милиони евра, Бразилецот, Паулињо постигна двојно повеќе.

Исто така Паулињо постигна и ист број на погодоци како Роналдо и Бејл заедно бидејќи Велашанецот како и Роналдо четири пати беше стрелец во Примера.

Да потсетиме, Барселона има 19 бодови повеќе во однос на Реал Мадрид и натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…