Дома Топ вести Шпанците сигурни: Мурињо доаѓа во Реал 100%, добива буџет од 550 милиони!

Шпанците сигурни: Мурињо доаѓа во Реал 100%, добива буџет од 550 милиони!

Реал Мадрид на лето ќе прави голема реконструкција на тимот и сигурно ќе ја започне сезоната со нов тренер, а британскиот весник „Телеграф“ го објави новиот кормилар на „кралевите“.

Имено, весникот на својата насловна страна напиша: „Мурињо се враќа во Реал Мадрид 100%“, притоа остава можност „Специјалниот“ да го преземе кормилото уште сега, а не да чека до лето.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските медиуми се исто така сигурни дека Мурињо ќе се врати во Мадрид, па така весникот „АС“ тврди дека преговорите се веќе започнати.

„Клубот вчера оствари контакт со агентот на Жозе Мурињо, Жорге Мендеш за да преговара за враќање на Португалецот на кормиото. Раководството го убедува Специјалниот кој има дилема дали да се врати во Мадрид бидејќи при неговото заминување во 2013 година не остана во добри односи со играчите и директорите. Денес е многу важен ден за враќањето на Мурињо“, тврди „АС“.

Другите шпански медиуми се сигурни дека Мурињо ќе се врати на „Сантиаго Бернабеу“, па дури го открија и буџетот кој ќе го добие за реконструкција на тимот.

„Марка“ наведува дека Португалецот на располагање ќе има буџет од 550 милиони евра и ќе се обиде да го состави тимот по своја желба.

На листата потенцијални засилување се споменуваат Алекс Сандро, Нголо Канте, Едер Милитао, Кристиан Ериксен и Хари Кејн.

Доколку Мурињо дојде на клупата на „кралевите“ сигурно ќе им ја отвори излезната врата на Бензема, Бејл, Иско, Марсело и Лука Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…