Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шпанците не простуваат: Бараат Де Геа да биде втор голман!

Шпанците не простуваат: Бараат Де Геа да биде втор голман!

Шпанскиот голман Давид Де Геа ги поминува можеби најтешките моменти од кога стана прв голман на репрезентацијата.

Де Геа кој имаше одлична сезона во Манчестер Јунајтед одигра лош натпревар на отварањето против Португалија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанците најмногу му замеруваат на грешката после шутот на Кристиано Роналдо кој одеше директно во него.

Освен фантастичниот Роналдо, Де Геа беше главниот виновник што натпреварот заврши без победник 3:3, а читателите а „АС“ го искажаа своето мислење.

Дури 39.917 читатели учествувале во анкетата кој би требало да биде прв голман на „Црвената Фурија“, а 19.865, односно скоро 50% сакаат прв голман во наредниот натпревар да биде Кеп Аизабалага.

За Де Геа гласале нешто повеќе од 15.000, додека на последното место е третиот голман Пепе Реина 4.720.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …