Историскиот дебакл на Барселона во вчерашниот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите денес е главна тема во спортските медиуми.
Кике Сетиен и клупската управа се на удар на страшни критики, а во „газењето“ на Барселона се соединија скоро сите шпански медиуми.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Шпанците беа критични и кога се оценките на играчите во прашање, а најдалеку отиде весникот „АС“ кој дури деветмина на Барселона оцени со оценка „нула“. „АС“ играчите ги оценува со симболи во облик на „пик“ од игрите со карти. Единствени кои добија само еден симбол се Луис Суарез и Жорди Алба.
