Реал Мадрид имаше турбулентен старт на сезоната. Се мачеа „кралевите“ посебно во домашното првенство, а поради тоа Јулиен Лопетеги заработи отказ.
На негово место пристигна Сантијаго Солари како привремено решение, но откако тимот прикажа солидни настапи потпиша договор до 2021. Реал заигра добро, доаѓањето на Солари на клупата на Реал значеше продолжување на проблемите за Иско.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот играч за врска беше важен дел од тимот на Зидан, но на статтот на оваа сезона го изгуби првотимскиот статус и нема најави дека работите ќе се променат.
Тоа наводно сакаат да го искористат Челзи и Манчестер Сити, барем ако му се верува на шпанскиот новинар Едуардо Инда.
„Го сметаат Иско дека повеќе не е дел од групата, дека работи повеќе за себе, но и дека има проблеми со тежината. Поради тоа тој размислува за заминување во Премиер лигата. Има понуда од Челзи и Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Мислам дека добро би се снашол во Сити со оглед на стилот на игра на овој тим“, изјави Инда за „Диарио“.
Ќе потсетиме Иско во Реал пристигна во 2013 година од Малага и од тој момент собра 252 настапи во дресот на „кралевите“.
https://www.youtube.com/watch?v=du8oRCNyQG0