Дома Останати Тенис Шок: Приреди изненадување на Вимблдон, па доби 18 месеци суспензија!

Шок: Приреди изненадување на Вимблдон, па доби 18 месеци суспензија!

Судот за спортска арбитража (CAS) ја прифати жалбата на Меѓународната тениска федерација (ИТФ) против претходната ослободителна пресуда за случајот поврзан со прекршување на Правилникот за допинг кон шведскиот тенисер Микаел Имер кој сега доби 18 месеци суспензија.

Во јануари 2022 година, Имер беше обвинет за избегнување на тестирање надвор од конкуренција три пати во период од 12 месеци. 24-годишниот шведски тенисер реши да се бори против ова обвинение и беше ослободен по сослушувањето пред независен трибунал во јуни 2022 година. Сепак, ИТФ се жалеше на таа одлука.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


CAS објави дека ИТФ побарала двегодишна забрана за настап на Швеѓанецот и дека судскиот совет делумно го прифатил жалбеното барање и затоа изрече забрана од 18 месеци.

„Со оглед на тоа што еднаш веќе сум ослободен од обвинението и дека сè уште со цело срце стојам на тврдењето дека не го сторив третото дело за кое се товарам, сметам дека е неправедно што решија повторно да ме судат и последователно да ме прогласат за виновен. Сето ова што е кажано, тешко ми е да ја разберам суспензијата од 18 месеци. Мислам дека не ги прекршив правилата и мојата совест е чиста, а Господ е мој сведок“, објави Имер на Твитер.

Микаел Имер моментално се наоѓа на 51. место на поединечната АТП ранг листа. На овогодинешниот Вимблдон стигна до 3. коло изненадувајќи го 9. носител Американецот Тејлор Фриц во 2. коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка за првпат го проба хот-догот од 100 долари: Погледнете ја нејзината реакција (Видео)

Првата тенисерка на светот Арина Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на Мајами Опен, …