Фудбалскиот клуб Ал-Сад се огласи со соопштение во кое тврди дека не го пушта Чави Ернандез во овој момент во Барселона.
Генералниот директор на катарскиот клуб Турки Ал-Али беше јасен и во своето излагање истакна дека било убаво што делегација на Барселона ги посетила, но ја потенцираше нивната намера да го задржат Чави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Посакавме добредојде на делегацијата на Барселона и ја почитуваме нивната желба. Позицијата на клубот е јасна од самиот почеток – ние сме цврсти во намерата Чави да остане наш тренер и не можеме да го пуштиме во овој чуствителен дел од сезоната“, наведе Турки Ал-Али.
Изгледаше дека се е завршено и дека компезацијата која Барселона ќе ја плати ќе ги убеди во Ал-Сад но изгледа не е така, во Ал-Сад баш и не се заинтересирани за парите на Барселона. Претходно беше објавено дека Чави постигнал договор со Барселона, меѓутоа според овие последни информации работата нема да оди лесно.