Дома Останати Тенис Шок за Синер: Докторите не му дозволуваат да игра на Ролан Гарос!?

Шок за Синер: Докторите не му дозволуваат да игра на Ролан Гарос!?

Јаник Синер поради проблем со колкот мораше да се откаже од играњето на Мастерсот во Мадрид, а не се појави ниту во Рим. Според последните информации неизвесен е и неговиот настап на Ролан Гарос во Париз.

Италијанските медиуми во овие моменти пренесуваат дека поголеми се шансите Синер да не го видиме на еден од најголемите турнири во сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пишува „Gazzetta dello Sport“, лекарите сметаат дека појавувањето во Ролан Гарос може да ја влоши состојбата на Италијанецот и да му направи долгорочни проблеми, а постои голема веројатност да добие забрана за настап во вториот Грен слем на сезоната.

Синер одлучи да замине во Торино каде што е на тестови во клиниката што ја користи фудбалскиот клуб Јувентус. Се очекува тој да биде на терените утре и одлуката да биде донесена по тренингот.

Италијанецот веќе претходно изјави дека нема да ја загрози кариерата поради еден турнир и дека се чини дека повредата на колкот може да биде посериозна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…