Бекот на Борусија Дортмунд ги скина лигаментите на глуждот.
Можеби дел од вас веќе и го заборавија, Ерик Дурм. Германскиот бек кој пред неколку години се проби во првиот тим на Борусија Дортмунд и сите очекуваа тој да биде одлична замена за Марсел Шмелцер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа како и неговиот клупски колега Марко Ројс, на Друм пресудија повредите. Во последните три сезони одигра само 27 натпревари во Бундес лигата, а оваа сезона не настапи ниту еднаш поради операцијата на колкот.
Дурм неколку дена од кога започна да тренира го повреди колкот, на тренингот тешко ги повреди лигаментите на глуждот.
Дортмунд се уште не потврди колку Дурм ќе паузира поради новата повреда, но изгледа дека нема да го гледаме на терените уште долго време.
? Bitter! Erik Durm hat sich im gestrigen Training einen Außenbandriss im rechten Sprunggelenk zugezogen. Gute Besserung, lieber Erik! ? pic.twitter.com/R0s6RMlIIl
— Borussia Dortmund (@BVB) January 18, 2018