Дома Фудбал Италија Шок за Милан: Боновентура пет месеци надвор од терените!

Шок за Милан: Боновентура пет месеци надвор од терените!

bonventura

Играчот за врска на Милан, Џакомо Боновентура ќе мора да биде трпелив со оглед на тоа дека не ќе може долго време настапува на фудбалските терени поради повреда.

Боновентура веќе неколку недели има проблеми со коленото, а италијанските медиуми пренесуваат дека сепак операцијата е неизбежна.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ова значи дека овој важен фудбалер на Милан ќе биде надвор од терените уште околу пет месеци што сигурно ќе биде тежок удар како за него, така и за клубот.

Иначе тренерот Џенаро Гатузо има проблеми со повреда на уште неколку фудбалери, но се надева дека сите освен Боновентура ќе се опорават во текот на репрезентативната пауза. Освен та, проблем е и суспензијата на Гонзало Игуаин кој не ќе може да настапи во наредните два натпревари.

29 годишниот Боновентура во текот на оваа сезона настапи на осум натпревари постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Тој фудбалерот кој ќе ни треба во иднина“: Рубен Аморим во Манчестер јујнајтед доби засилување од 12.8 милиони фунти!

Рубен Аморим е свесен ќе биде потребно време за Манчестер Јунајтед да може да игра според …