Дома Останати Тенис Шок во првиот ден на Вимблдон: Се повлече една од најголемите фаворитки

Шок во првиот ден на Вимблдон: Се повлече една од најголемите фаворитки

Токму на денот на почетокот на Вимблдон, првата фаворитка Арина Сабаленка се повлекува од турнирот поради повреда.

Втората тенисерка во светот важаше за најголем фаворит, но сега е принудена да се повлече од настапот во Лондон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Откажувањето го потврди самата Белорусинка преку социјалните мрежи.

„Ми се крши срцето, но морам да ве известам дека се повлекувам од Вимблдон, се обидов да направам се, но моето рамо не ми дозволува. Се туркав до лимитот на тренинзите за да бидам подготвена, сепак докторите ми објаснија дека нема да можам да настапам“, објави Белорусинката.

Во оваа година Сабаленка го освои трофејот на Австралија Опен, додека на Ролан Гарос настапот го заврши во четвртфиналето каде што изгуби од младата Мира Андреева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…