Дома Фудбал Англија Шок во Манчестер: Де Брујн се повредил на тренинг и го чека долга пауза

Шок во Манчестер: Де Брујн се повредил на тренинг и го чека долга пауза

Лоши вести за сите навивачите на актуелниот англиски шампион.

Играчот за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн го чека долга пауза поради повреда на коленото.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Белгиецот се повредил на тренингот во средата. Во следните денови Де Брујн зелениот тревник ќе го замени со болниците каде што ќе ми бидат направени дополнити испитувања, но извори блиски на играчот наводно им откриле на медиумите дека го чека пауза од два до три месеци.

Претпоставките дека му настрадал латералниот лигамент на коленото, а точната дијагноза се очекува до крајот на неделата.

За среќа Сити ова лето го ангажираше Ријад Марез од Лестер кој во првото коло доби шанса од првата минута, а Де Брујн во игра влезе од клупата за резерви.

Ќе потсетиме, Белгиецот минатата сезона беше избран за втор најдобар фудбалер во Премиер лигата веднаш зад Мохамед Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …