Дома Фудбал Останато Шокантни најави од Турција: Фенербахче може да го напушти првенството?!

Шокантни најави од Турција: Фенербахче може да го напушти првенството?!

Челниците на Фенербахче најавија дека размислуваат за повлекување од турската лига по инцидентите на мечот со Трабзон.

Фудбалерите на истанбулскиот клуб беа нападнати на теренот на Трабзон, по натпреварот во кој победија со 3:2.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во хаосот повреди заработија неколку фудбалери, а најлошо беше голманот Ливаковиќ кој еден од хулиганите го удри во глава од зад грб.

Во Фенер свикаа клупско собрание за 2 април поради случувањата во Трабзон, а еден од предлозите е турскиот гигант да го напушти домашното натпреварување.

Фенербахче по 30 кола е втор на табелата со 79 бодови, два помалку од водечкиот Галатасарај и дури 30 повеќе од третиот Трабзонспор.

Поради инцидентите на крајот од натпреварот во Трабзон во понеделникот, беа уапсени 12 лица, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ги осуди настаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …