Денешната ждрепка во Нион сакаше потенцијален ривал на Шкупи во второто коло да биде хрватскиот гигант Динамо Загреб.




Шкупи во првото коло ќе игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а ако го елиминира ќе оди на двомеч со Динамо Загреб. Свој коментар по денешната ждрепка даде и стратегот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Чачиќ не го потценува Шкупи и посочи дека добро знае како е да се гостува во Скопје.




„Со секој противник ќе пристапиме максимално сериозно, никого нема да потцениме. Јасно е дека Динамо е поквалитетен, но мораме да бидеме подготвени. Ниту еден противник не е лесен, мислам дека Шкупи би ни бил потежок. Таму теренот е „жежок“, ги предводи Гоце Седлоски кој е поранешен играч и тренер на Б екипата на Динамо. Добро не познава и ќе направи за да ни ја отежни работата“, изјави Чачиќ.




Инаку, Седлоски како тренер на Вардар ги водеше црвено-црните против Динамо Загреб во 2016 година, тогаш Динамо во Скопје славеше со 1:2, а дома со 3:2.