Дома Фудбал Италија Шевченко после само два месеци добива „шут-карта“ од Џенова?

Шевченко после само два месеци добива „шут-карта“ од Џенова?

Поранешниот украински фудбалер Андриј Шевченко e само два месеци на клупата на Џенова, но најверојатно ќе добие отказ затоа што екипата има лоши резултати и остана на претпоследната позиција.

Џенова загуби и вчера во директната битка со ривалот за опстанок, Специја со 0-1, па така тимот на Горан Пандев освои само три бода на последните девет дуели, што е малку ако сака да избори опстанок во Серија А.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Засега не е познато кој ќе биде замената за Шевченко на кормилото на Џенова, доколку управата реши да го отпушти.

Шевченко беше селектор на Украина, која ја предводеше до четвртфинале на Европското првенство, а успеа да ја победи Македонија со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер јунајтед сака да се засили од Саудиска Арабија

Манчестер јунајтед повторно ја отвори својата трансфер мисија кон Блискиот Исток, откако с…