Дома Останати Шарапова остана без полуфинале во Мадрид

Шарапова остана без полуфинале во Мадрид

Руската тенисерка, Марија Шарапова не успеа да се пласира во полуфиналето на мастерсот во Мадрид, со оглед на тоа дека денес загуби од Кики Бертенс од Холандија по три сета, 6:4, 2:6 и 3:6.

Шарапова добро го почна мечот и го освои првиот сет во кој забележа два брејка, а на противничката и препушти еден.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во продолжението на мечот, Шарапопва го загуби ритамот и сервисот. Холанѓанката поведе со 5:1 во вториот сет лесно дојде до изедначување.

И во последниот сет Бертенс продолжи со исто темпо. Поведе со 5:2, а потоа го загуби гемот на свој сервис, но тоа не ја попречи лесно да го заврши мечот во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Се појави на Вимблдон: Дали оваа босанска убавица е новата девојка на Јаник Синер? (Фото)

Веќе подолго време се зборува дека Лејла Хасановиќ е новата партнерка на Јаник Синер, а се…