Дома Фудбал Останато Шанса во Реал не доби, но Гути пронајде нова работа

Шанса во Реал не доби, но Гути пронајде нова работа

Легендарниот фудбалер на Реал, Хозе Мариа Гутиерез, кој се споменуваше како можен наследник на Зиадн на „Сантијаго Бернабе“, пронајде нова работа.

Имено, ако може да веруваме на турските новинари, Гути во следниот период ќе работи во тамошниот гигант Бешикташ, во кој и ја заврши својата богата кариера.


Гути во Бешикташ ќе добие прилика тренерски да се развие како помошник на Сенол Гунес, а и самиот Шпанец потврди дека се радува на тоа искуство.

„Имам многу да научам од Гунес, ако тој ме прифати. Среќен сум што ќе работам во Бешикташ, тоа е мојот дом“, изјави Гути.

За услугите на Гути, потсетуваме, претходно се распрашуваше шпанскиот прволигаш Леганес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Ливерпул го обезбеди првото засилување!

Џереми Фримпонг е новиот член на Ливерпул. На крајот, договорот меѓу двата клуба, како и с…