Дома Фудбал Германија Чурлинов казнет со 25.000 евра за факелот на прославата на Шалке

Чурлинов казнет со 25.000 евра за факелот на прославата на Шалке

Репрезентативецот на Македонија Дарко Чурлинов кој беше стрелец в неделата против Гибралтар е казнет со 25.000 евра за факелот кој го запали при славјето за враќањето на Шалке во Бундеслигата.

Македонскиот фудбалер е казнет заедно со соиграчот Малик Тиав за неспортски однос на теренот. Во големата прослава Чурлинов доби факел од навивачите кој го запали.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Во прославата после мечот со Сент Паули кој Шалке го доби со 3:2 Чурлинов беше еден од најеуфоричните. Од Шалке најавивја жалба на ваквата одлука.

Ќе потсетиме Чурлинов за овој клуб играше на едногодишна позајмица од Штутгарт и во овој момент се водат преговори за да биде дел од Шалке и во наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Тен Хаг се враќа во татковината – ќе тренира голем ривал на Ајакс

Холандскиот стратег Ерик Тен Хаг наскоро би можел да се врати на тренерската сцена, а најн…