Вардар го загуби минимално полуфиналниот дуел против екипата на Монпелје (27:28). Утре не очекува борбата за бронзениот медал, а противник ќе ни биде тимот на ПСЖ. Десното крило на Вардар, Иван Чупиќ ќе ја нема можноста да се бори за трет последователен трофеј во Лигата на Шампионите. Тој пред медиумите изјави дека, Монпелје бил подобриот тим, а на Вардар му останува утре да одигра добар меч и да им се оддолжи на навивачите, кои во голем број се пристигнати во Келн.
-Монпелје беше подобар од нас за тој еден гол. Ние почнавме со многу проблеми, примивме голови преку контра, најмалку седум до осум гола. Тоа не смее да се случува на вакви мечеви. Искусен тим сме, се вративме некако во мечот, но Монпелје заслужи да е во финале. Нам ни останува да се одмориме и да се обидеме да се оддолжиме на нашите навивачи за овој пораз, со позитивен резултат на утрешниот меч.