Дома Фудбал Лига на шампиони Чудото од дете на Барса не е пријавено за ЛШ ама може да заигра – еве зошто

Чудото од дете на Барса не е пријавено за ЛШ ама може да заигра – еве зошто

Aнсу Фати е играчот на Барселона за кој во последно време многу се пишува.

Овој млад 16 годишник прво доби место во првиот тим за натпреварот против Бетис откако Ернесто Валверде остана без Меси, Суарез и Осман Дембеле. Фати на крајот доби и шанса да истрча на теренот и така стана вториот најмлад дебитант во историјата на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потоа Фати доби прилика и во натпреварот против Осасуна, а овој пат беше и стрелец.

Сепак и покрај тоа Валверде не го смести на списокот на играчи за Лигата на шампионите и тоа многумина можеби изненади, посебно затоа што на него не се најдоа играчи како Рики Пуиг и Инаки Пене, но младите Абе, Араухо и Сараснеда добија место.

Меѓутоа постои причиан зошто е така. Имено, Абе и Араухо се сместени на списокот за ЛШ затоа што во Барселона се пократко од три години, а Срасанеда е постар од 21 година.

Листата на Барселона за Б тимот содржи играчи кои се помлади од 21 година кои поминале најмалку три години во клубот и сега тука доаѓаме до клучната работа.

Играчите од Б тимот во било кој момент можат да бидат префрлени во А тимот, доволно е само да се испрати барање до УЕФА 24 часа пред натпреварот.

Така Валверде може да ги префрли за некој натпревар Фати, Пуиг, Абел Руиз и Инаки Пена во А тимот и тие можеби ќе добијат шанса против Интер, Борусија Дортмунд и Славија Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…