Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Чудна одлука на Хрватите: Фудбалерите слетуваат баш кога се игра финалето!

Чудна одлука на Хрватите: Фудбалерите слетуваат баш кога се игра финалето!

Фудбалската федерација на Хрватска објави дека фудбалерите во Загреб ќе се вратат во недела во 17:10 часот.

Тој термин се поклопува со финалето кое започнува во 16:00 часот. Хрватска вчера беше поразена од Аргентина и очигледно не ги интересира кој ќе го освои трофејот кога тие не играат во него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


 Нивниот лет од Катар ќе тргне во 15:00 часот што значи дека ќе ја пропуштат комплетната церемонија.

Одлуката е посебно чудна затоа што во Загреб е најавен дочек на фудбалерите за сепак избореното полуфинале и борбата за бронза. Навивачите во Хрватска сега ќе имаат тежок избор дали ќе го гледаат финалето или ќе ги пречекаат своите миленици.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Револуција во Серија А: Голема промена во Италија почнува со дербито на Јувентус и Интер

Саботниот дерби натпревар помеѓу Јувентус и Интер ќе биде прв во историјата на Серија А во…