Дома Македонски спорт Мак ракомет Чешка падна во Скопје, Македонија оди на Мундијал

Чешка падна во Скопје, Македонија оди на Мундијал

Македонската ракометна репрезентација ја победи Чешка во Скопје (27:25) и се пласираше на Светско првенство.

Македонија одлично го започна мечот, но голманот на Чешка не дозволи да се одлепиме уште на стартот. Откако се ослободивме од притисокот Македонија дојде до три гола предност (7:4).


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Потоа следуваа неколку технички грешки кои и дозволија на Чешка да дојде до еден гол разлика, за на полувреме да заминеме со предност 14:12.

Од стартот на вториот дел Македонија диктираше темпо, видовме одлични потези на Талески и Кузманоски, па на 15 минути до крајот имавме предност од четири гола (20:16).

Потоа следуваше период во кој промашивме неколку добри шанси, Митревси беше одличен на голот, но сепак Чешка успеа да дојде на само еден гол негатива на четири минути до крајот (25:24).

Гол предност имавме до самиот крај, па беше исклучително драматично. На дваесет секунди до крајот Кузманоски погоди од пенал за победа од 27:25 и ја однесе Македонија на Мундијал.

Најефикасни во нашата репрезентација беа Кузманоски и Талески, а одличен на голот беше Митревски со 15 интервенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Јувентус во јануари носи големо засилување

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид е мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес за н…