Првиот човек на Европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин зборуваше за ВАР технологијата и најави промени при офсајд правилата.
ВАР системот во фудбалот предизвика серија на контроверзни ситуации посебно тоа се однесуваше на офсајд позициите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чеферин најави дека се очекуваат одредени промени кога станува збор за офсајд позиции и ќе се толерираат одредни ситуации од 10 до 20 сантиметри.
„Гледаме ситуации во кои играчите се во линија, а се суди офсајд. Денес, ако имаш долг нос, влезен си во офсајд. Ќе видиме нацртани линии и конечна одлука, но кој ги црта тие линии? ВАР судиите, што значи дека повторно е субјективно и не можеме да бидеме стопроцентно сигурни во нивната точност. Затоа, нашиот предлог ќе биде да се направи толеранција за офсајд од 10-20 сантиметри“, изјави Чеферин.
За првиот човек на УЕФА дискутабилни се и ситуациите на игра со рака во казнетиот простор.
„Имавме форум на елитни тренери пред две недели во Нион. Дојдоа Клоп, Гвардиола, Алегри, Анчелоти, Зидан и сите топ тренери од Европа, па нашиот прв човек на судиите, Роберто Росети им покажа играње со рака и ги праша, „Дали ова е играње со рака?“. Половина од собата кажаа ДА, половина рекоа НЕ. Па кажете ми, колку се јасни правилата? Не знаеме ништо!“, истакна Чеферин.