Дома Фудбал Останато Чеферин: Ми нудеа мито од 3.5 милијарди евра за Суперлигата

Чеферин: Ми нудеа мито од 3.5 милијарди евра за Суперлигата

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин гостуваше во ХТВ и во таа прилика зборуваше за рушењето на Суперлигата, а откри и дека му било понудено мито од 3.5 милијарди евра.

Кога била ситуацијата со Суперлигата, Чеферин бил заедно со Звонимир Бобан.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со Бобан бевме заедно во автомобилот одевме за Швајцарија кога тоа се случуваше. Од првиот момент беше позитивен. Добро е што имав некој таков покјрај себе, а не некој кој се плаши дека ќе изгубиме се и фудбалот ќе оди во пропаст. Ми кажа – ајде да се обложиме во вечера дека ќе ги срушиш во два дена. Се уште му ја должам таа вечера“.

„Знаев дека морам да бидам агресивен и дека се мора да се заврши за 48 часа за да немаат шанса за успех. Бев сигурен дека се бориме за доброто фубдалот. Тие 48 часа, ниту јадев, ниту пиев, но на крајот се исплатеше“, изјави Чеферин.

Му било нудено мито.

„Кога се беше завршено добив повик од еден од луѓето кои лобираа за Суперлигата. Ми кажа дека може да ни дада три ипол милијарди евра за да им дозволиме да го направат тоа натпреварување. Му одговорив дека некој тука е луд, дали јас или тој. Од тогаш не ме побараа. Сигурен сум дека сме мирни по тоа прашање во наредните десет години“, порача првиот човек на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…