Дома Фудбал Останато Четири имиња се издвојаат во борбата за Златната топка

Четири имиња се издвојаат во борбата за Златната топка

„Франс Фудбал“ на 29. ноември ќе ја додели наградата за најдобар играч во 2021 година. Минатата недела беше објавена листа од 30 кандидати, но неколку имиња веќе се издвојуваат.

Според „Л’Eкип“ најголеми шанси да ја освои има Карим Бензема кој игра фантастична сезона. Неодамна ја освои Лигата на Нации, а никој оваа сезона не постигна повеќе голови од него (10), а додаде и седум асистенции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реномираниот „Гоал“ ги претстави четворицата кандидати кои се издвојуваат во трката. Тоа се Лионел Меси, Мохамед Салах, Роберт Левандовски и Кристиано Роналдо. За нив пак најголеми шанси има напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.

Меѓутоа не треба да се заборави и на Жоргињо. Одличниот играч за врска со Челзи ја освои Лигата на шампионите, играше во европскиот Суперкуп, со Италија беше шампион на Европа и веќе го доби признанието за најдобар играч во изборот на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…