Челзи сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а позната е најголемата трансфер желба на тренерот Потер.
Станува збор за неговиот „миленик“ од Брајтон, Моизес Каиседо, кој ова лето беше на мета на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот Еквадорец пристигна во Брајтон за 5,5 милиони евра и под водство на Потер буквално „експлодираше“. Тој се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, а покажа одлични партии и на Светското првенство.
Каиседо има договор со Брајтон до 2025 година, а Челзи во него гледа идеална замена за Нголо Канте.
За да ја победи конкуренцијата Челзи е спремен да потроши 90 милиони евра за да го доведе Каиседо на „Стенфорд Бриџ“.
🚨 #Chelsea could consider spending around €90 million on Moises Caicedo, who would replace N'Golo Kante. #CFC
— Chelsea Express (@Chels_Express1) December 21, 2022
Via @fichajesnet