Челси прави целосен ремонт на екипата, па така веќе почна да планира и трансфери за следното лето, а изборот падна на одличниот хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол од Лајпциг.




Премиерлигашот летово ги купи Калиду Кулибали и Весли Фофана, но тука не мисли да запре бидејќи Тијаго Силва најверојатно наскоро ќе оди во пензија, па затоа Челси сака да го купи Гвардиол.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Сините“ ќе платат околу 90 милиони евра за хрватскиот репрезентативец, кој треба да му се приклучи на премиерлигашот идното лето, односно во јуни 2023 година.



