Дома Топ вести Челзи спрема јануарска „бомба“ од 100 милиони

Челзи спрема јануарска „бомба“ од 100 милиони

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи не се откажува од намерата да го доведе Рафаел Леао на „Стенфорд Бриџ“.

Челзи во последните денови од преодниот рок испрати богата понуда за Леао, но Милан експресно ја одби бидејќи не сака да го продава Португалецот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Леао беше прогласен за најдобар фудбалер во Серија А минатата сезона и Милан порача дека може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула од 150 милиони евра.

Челзи не се откажува, особено ако Леао не стави потпис на нов договор со „росонерите“, кој истекува во 2024 година.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да плати 100 милиони евра за потписот на Португалецот уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…