Дома Топ вести Челзи сака да си го врати Еден Азар

Челзи сака да си го врати Еден Азар

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар може да се врати во Челзи, тврди шпански „АС“.

Според информациите во лондонскиот клуб сериозно ја разгледуваат можноста да го вратат Азар, кој не успеа да го покаже својот потенцијал во „кралскиот“ клуб.

Азар летото 2019 година се пресели во Реал Мадрид за 115 милиони евра, а претходно цели седум години играше во Челзи.

Белгиецот има одлични односи со своите бивши соиграчи, но и со останатите во клубот, па и самиот нема ништо против да се врати на „Стенфорд Бриџ“.

Азар од пристигнувањето во Мадрид се мачи со серија на повреди, па успеа да одигра само 43 меча за „кралевите“, но е далелку од својата најдобра форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победа на сениорите против Црна Гора на втората „контролка“

Одличен настап на сениорите, и победа од (65:58) во втората „контролка“ со Црна Гора Гости…