Дома Фудбал Англија Челзи немаше лек за Обамејанг, Арсенал го освои ФА Купот ?

Челзи немаше лек за Обамејанг, Арсенал го освои ФА Купот ?

Арсенал со пресврт успеа да го победи Челзи (2:1) и да го освои ФА Купот.

Херој за „топџиите“ беше Пјер Емерик Обамејанг, кој ги постигна двата гола и му донесе радост на Арсенал и прв трофеј во кариерата на тренерот Микел Артета.

Челзи одлично го започна натпреварот и поведе уште во 6-та минута, кога Пулишиќ ја измеша одбраната на Арсенал и го матираше противничкиот голман.

Радоста на „сините“ не траеше долго бидејќи во 25-та минута Аспиликуета го собори Обамејанг во казнетиот простор, кој потоа лесно реализираше од белата точка за 1:1.

Во второто полувреме Арсенал како повеќе да ја посакуваше победата, а Челзи немаше лек за Обамејанг. Во 65-та минута Пепе одлично го пронајде Габонецот кој погоди за 2:1.

Челзи немаше сили до крајот да дојде до израмнување, а работата му ја отежна Ковачиќ кој во 70-та минута мораше да го напушти теренот поради втор жолт картон.

На крајот се радуваше Арсенал, кој сезоната ја заврши со трофеј во ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Симеоне без дилема кажа кој ја заслужува „Златната топка“

Диего Симеоне немаше никаква дилема кога беше прашан кој треба да ја освои Златната топка …