Пред почетокот на оваа сезона турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу направи трансфер од редовите на Милан во Интер, но тврди дека помеѓу „росонерите“ се уште е почитуван.
Во Интер Чалхноглу се пресели како слободен играч откако му заврши договорот со Милан. За голем број навивачи тој стана „предавник“, но има и такви кои не му замеруваат премногу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„И после трансферот во Интер сум сретнал многу навивачи на Милан, често пати сме излезени со моето семејство. Тие уште сакаат да се сликаат со мене и ми зборуваат дека ме сакаат. Не сум имал проблем со никого, се уште сум во контакт со поранешните соиграчи. Ако постигнам гол против Милан ќе го правам тоа што вообичаено го правам“.
„Во Милан поминав четири убави години и имам многу пријатели таму. Зад мене имам тежок период, но последните две сезони беа подобри од првите две. Ги знам моите квалитети и не бев изненаден кога пристигна понудата од Интер. Не се плашев дека можам да останам без клуб“, изјави Чалханоглу.