Дома Фудбал Италија Чалханоглу: Инзаги ми звонеше по 3 пати на ден за да дојдам во Интер

Чалханоглу: Инзаги ми звонеше по 3 пати на ден за да дојдам во Интер

Хакан Чалханоглу ова лето од Милан се пресели во Интер како слободен агент, а сега ја откри и причината.

„Сите во Интер се многу добри со мене. За време на Европското првенство Инзаги ми звонеше по 3-4 пати на ден за да дојдам во Интер. Раководството исто така ми се јавуваа и ме убедуваа дека треба да потпишам за Интер“, изјави Чалханоглу.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Во Милан поминав прекрасни 4 години и ги почитувам сите во тој клуб каде се уште имам пријатели. Јас само сакав нов предизвик и ја прифатив понудата од Интер. Среќен сум што играм за Интер и сакам да освојам многу трофеи со овој клуб“, додаде турскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…