Дома Фудбал Чави од Барса си замина со господски потег, а сега е разочаран – го погодила изјавата на Педри!

Чави од Барса си замина со господски потег, а сега е разочаран – го погодила изјавата на Педри!

Чави ја напушти Барселона без да побара оштета и така заштеди пари на клубот кој на негово место го ангажираше Ханси Флик.

Неколку месеци по заминувањето на Чави атмосферата во тимот е подобра, а Ханси Флик има одличен старт, Барселона победи на сите пет натпревари од стартот на првенствоот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Германскиот стратег даде простор на многу млади играчи кои му вратија со одлични настапи. Но, сега пристигнуваат информации кои ги објавија „Спорт“ и „АС“, а тоа е дека Чави бил разочаран од коментарите кои во јавноста ги дал Педри.

Педри даде изјава во која зборуваше дека тимот сега е многу подобро подготвен отколку кога го водеше Чави и така испрати „отровна стрела“ кон поранешниот капитен на каталонскиот гигант.

Наводно, Чави смета дека некој од внатрешноста на клубот води кампања против него со објавите за добрата форма и подготовка на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …