Поранешниот фудбалер на Барселона и сегашен на ПСВ Ајндховен, Сержињо Дест зборуваше за времето во каталонскиот гигант.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во редовите на Барселона, Дест пристигна во 2020 година кога тренер на тимот беше Роналд Куман. Подоцна Холанѓанецот замина, а на негово место дојде Чави Ернандез кој не сметаше на услугите на Дест.
По доаѓањето на Чави, Дест беше испратен на позајмица во Милан, а потоа се врати во ПСВ.
„Од почетокот не беше искрен со мене. Неколку пати разговаравме и ми кажа нешто за кое што се сомневав дека е вистина. Пред паузата во летото ме убедеуваше дека ќе смета на мене и дека не треба да читам што се пишува. Кога се врати само ми кажа дека треба да заминам“, изјави Дест.