Дома Фудбал Лига на шампиони Чави: Левандовски го совладаа емоциите, не беше ладен во завршницата

Чави: Левандовски го совладаа емоциите, не беше ладен во завршницата

Стратегот на Барселона, Чави Ернандез е разочаран од поразот против Баерн Минхен во Лигата на шампионите и истакна дека неговиот тим заслужил повеќе.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



За Барселона ова беше петти натпревар во кој е поразена од Баерн.

„Ова беше ноќ за победа, се чувствувам разочарано, но горд сум на тимот. На крајот се е до победата, мораме да бидеме подобри во клучните моменти, реализацијата мора да биде на повисоко ниво. Примавме голови кога имавме контрола на натпреварот“, изјави Чави.

Посебно прашање од новинарите Чави доби за Роберт Левандовски кој пропушти неколку добри прилики.

„Левандовски немаше свој ден. Емоциите го совладаа и не беше ладен во завршниците како обично“, смета стратегот на Барселона.

Барселона сега на второто место во групата има ист број со бодови со Интер, против кого ќе игра во следното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул добива богати арапски сопственици

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Покрај Манчестер…