50-годишниот црногорски стратег Славољуб Бубоња е нов шеф на стручниот штаб на прилепскиот прволигаш Победа.
Клупксото раководство денес ги финишираше преговорите со доскорешниот тренер на Морнар од Бар и тој од понеделник ќе ја преземе работата со екипата која на утрешниот меч со Силекс ќе ја водат помошните тренери Вршкоски, Кебакоски и Стерјоски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бубоња својот досега најголем успех како тренер го има со тимот на Челик од неговиот роден град Никшиќ со кој во 2012-тта го освоил Купот на Црна Гора и беше прогласен и за најдобар тренер во Црна Гора, а потоа 3 години по ред изборуваше учество во квалификациите за Лига на Европа.
Покрај во Челик како тренер работел уште во црногорскиот тим Јединство Биело Поље и во босанскиот клуб Младост од Обарска. Бубоња го наследува на клупата Зоран Штерјовски кој поднесе оставка по поразот на Победа од Работнички во средата во Прилеп од 2-4.