Дома Фудбал Англија Цел свет му се смее: Неверојатно промашување на Дарвин Нуњез

Цел свет му се смее: Неверојатно промашување на Дарвин Нуњез

ЛИВЕРПУЛ за малку ќе претрпеше шокантен пораз во претпоследниот натпревар од 11. коло на англиската Премиер лига.

Избраниците на Јирген Клоп ремизираа 1:1 на гостувањето кај Лутон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Голот за Лутон го постигна Тахич Чонг во 80. минута од натпреварот. Конечните 1:1 ги постави Луис Дијаз во 95. минута.

Сепак, најмногу ќе се памети моментот во 71. минута. Тогаш Дарвин Нуњез пропушти прекрасна можност да му донесе водство на Ливерпул.

Тој се најде со топката на само неколку метри од празниот дел од голот на Лутон, но не успеа да постигне гол. Погледнете го промашувањето ТУКА.

Последниот натпревар од колото се игра во денеска од 21 часот меѓу Тотенхем и Челзи. Лутон со ова реми стигна до шест бода сезонава и со тоа скокна на 17. место, првото место над зоната за испаѓање.

Ливерпул, пак, скокна на третото место со 24 бода, три помалку од водечкиот Манчестер Сити и два помалку од Тотенхем кој има и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…