Целје го освои 46. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“, откако го побди тимот на Костанца во финалето со 25-24.

Двате екипи имаа свои моменти, подеми и падови, но во таа ситуција на крајот подобро се снајдоа избраниците на Бранко Тамше за триумф на овој силен турнир. До него Целје дојде со пресврт во вториот дел во кој ја „избриша“ негативата од два гола (13-11), голманот Ферлин блескаше и така Словенците во своето прво учество на струшкиот турнир дојдоа до пехарот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Трето место освои Феникс Тулуз, кој беше подобар од Железничар со 32-24, а Алингсас заврши на петта позиција, додека Бешикташ беше шести. Еурофарм Работник ја освои седмата позиција, а РК Струга заврши осма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…