Хуан Себастијан Верон зборуваше за разликата помеѓу Диего Армандо Марадона и Лионел Меси.
Селекцијата на Аргентина во овие денови е во големи проблеми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доживеаа дебакл од Хрватска со 3:0, изгледаат неубедливо, лошо, а ниту атмосферата во тимот не е на потребното ниво.
Сампаоли се наоѓа на удар на јавноста и играчите и поголем дел сметаат дека не му е местото на клупата.
За „Газета’ се огласи Хуан Себастијан Верон, поранешниот репрезентативец на Аргентина и член на Лацио и Манчестер Јунајтед кој ги спореди Меси и Марадона.
„Можам слободно да кажам бидејќи играв и со двајцата. Марадона беше некој на кој секогаш можеш да сметаш. Меси од друга страна е многу повлечеен…Едноставно не му е судено да биде лидер. Не ги доведувам во прашање неговите технички квалитети, туку неговите карактерни особини“, изјави Верон.
Аргентина за место во 1/8 финалето на Мундијалот ќе мора во последното коло од групната фаза да слави против Нигерија, во спротивно ќе бидат елиминирани.