Борна Гојо важи за еден од најталентираните хрватски тенисери, а оваа година имаше можност да се најде директно на главниот турнир од Вимблдон без да игра квалификации.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак, покрај добрата можност да се пласира во второто коло, тој падна првата пречка. Борна загуби од германскиот тенисер Масимилијан Мартер (5-7, 7-6, 3-6, 4-6) и тоа во контроверзен меч во кој зборуваше сам со себе и гласно пцуеше.
По мечот и самиот тенисер призна дека имал проблеми.
„Сега сум зрел за на специјалист. Не работам со ниту еден специјалист во овој момент за проблемот кој го имам, но поминав десетина психолози и триестина психијатри.
Единствено што можат е да ме затворат во лудница. На некои специјалисти сигурно нема да им биде добро по сеансите со мене“, изјави Хрватот по поразот.