Дома Фудбал Репрезентации Холанѓаните тврдат: Има договор, Ван Гал се враќа!

Холанѓаните тврдат: Има договор, Ван Гал се враќа!

Холандските медиуми се убедени и немаат дилеми дека нов селектор на репрезентацијата ќе биде Луис Ван Гал кој ќе го наследи Франк Де Бур кој си замина по лошиот настап на Европското првенство.

Ван Гал би требало да потпише договор на година ипол, а на оваа позиција се враќа после седум години и Мундијалот во Бразил во 2014 година.

Во меѓувреме работеше во Манчестер Јунајтед, меѓутоа веќе пет години е без ангажман.

Првата прилика за докажување искусниот стратег ќе ја има во септември кога продолжуваат квалификациите за Мундијалот во Катар наредната година.

Ван Гал во кариерата ги водеше уште Ајакс, Барселона (два пати), АЗ Алкмар и Баерн Минхен. Ова ќе му биде дури трети мандат на селекторската функција во Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…