Играчот за врска на Ајакс, Дони Ван Де Бек ги демантираше холандските медиуми кои тврдеа дека се договорил со Реал Мадрид.
Пред неколку дена се појави вест дека Реал Мадрид го обезбедил неговиот трансфер во износ од 55 милиони евра. Ван Де Бек со разни клубови се поврзуваше и во текот на претходниот преоден рок, но остана во Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се пишуваше дека младиот играч за врска го избрал Реал за негова следна дестинација.
Сепак, сега фудбалерот потврди дека неговата иднина не е одлучена.
„Ништо не е одлучено и не сум се договорил со никого. Ситуацијата во текот на оваа сзона не се промени. Тоа се два големи клуба (Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид), но и Ајакс е голем клуб“, изјави Ван Де Бек.